
Силекс синоќа по четврти пат во својата историја го освои Куп на Македонија, откако во големото финале на арената „Тодор Проески“ ја совлада Шкендија со 1-0.

Со овој триумф, кратовци се израмнија со Работнички по бројот на освоени куп-трофеи и сега го делат третото место на вечната листа на најуспешни екипи во натпреварувањето.

Македонски


