Skip to main content
gtKcUevZj4k
ИВОР МИЦКОВСКИ, ПОЛИТИЧКИ АНАЛИТИЧАР

Македонија е чудо што функционира

Ивор Мицковски важи за еден од најкоментираните политички аналитичари. Неговите статуси на социјалните мрежи предизвикуваат големо внимание, позитивно или негативно, нештедејќи ги ни власта ни опозицијата. Некогаш беше висок партиски функционер во СДСМ, а денеска еден од најгласните критичари на политиката која ја води партијата на која припаѓаше. Ретко се појавува во медиуми затоа што како што вели не му се допаѓа амбиентот, и едни исти луѓе кои се појавуваат во емисиите и оти постои селекција на гостите во зависност од ектикета на медиумот.

Сепак, Мицковски даде интервју за „Република“ во кое отворено говори за состојбата во која се наоѓа СДСМ каде што некогаш беше член, но и за тоа дали власта ги оправда очекувањата на граѓаните во овие две години.

Како го оценувате протестот на студентите Албанци, Дали ова беше студентски или ДУИ протест?

МИЦКОВСКИ: Верувам дека е и студентски. Многу луѓе исто ми сугерира дека постои внатрешен вистински гнев кај албанската популација. Јас не се спротиставувам, ниту премногу влегувам во мерит на самото правно прашање како тоа треба да се реши, дали треба да се полага на албански или треба да е стрикно на македонски,си има правници, си знаат луѓе ке си го решат тоа. Јас повеќе дискутирам за модалитетот и модусот. Забележително е дека тука ДУИ има вмешано, вмешува или сака да се вмеша. Тие инвестираат во незадоволството и во протестот за прашање кое што самите го немаат решено и, постои една голема политичка хипокризија која што мора да се нотира. Се гледа дека тука постои некоја партиска машинерија и инжиниринг и видовме на што изгледаше. Мислам дека не е фер кон ова општество кон сите граѓани, кон сите етникуми, постојано да гледаме вакви изблици националистичким да ни доаѓаат луѓе од соседните држави, да се мешаат во внатрешните работи на Македонија, почнувајќи од албанскиот амбасадор до видни, нивни претставници од соседните земји. Студентите, групите, имаат право да се залагаат да се борат за своите права, меѓутоа кога се гледа, или е преочигледна само партиската позадина,да се наштети и не се размислува кои штети се прават на целото општество и на целата држава тука веќе настанува проблем.

Што се случува со СДСМ, станаа ли естрадна партија па коментираат дури и за Евровизија и Дејвид Гета?

Мислам дека лошо се советувани, особено лидерот на партијата. Забележувам кај него една преизразена жестокост, преднагласеност, преголема желба да се наметне многу силна позиција, силен став,индивидуализам.Не мислам дека тоа им прави добро, затоа што содржината на ставовите, не зборуваме сега само за формата, ајде да зборуваме и за суштинатa кога се занимава со Евровизија, или кога имаш став дека Бугарија никогаш не нѐ блокирала и не го негирала македонскиот идентитет. Проблемот со таа изјава е тоа не е вистинита, неточна, и тоа е штетно по македонските национални интереси. Бугарската позиција не зависи од изјавите на само одредени политичари или одредена власт. Тие имаат, како што пишува мојот драг пријател и универзитетски професор Огнен Вангелов, национална доктринарна позиција каде што, по одлука,, на парламентот, не на една партија, став кој е крајно антикамедонскин дека македонската историја пред 1944 година е бугарска историја, македонскиот јазик е бугарско наречје во некогашната југословенска република а македонската нација е вештачка конструкција создадена по 1944 преку припишување на историјата од дел на бугарскиот народ врз основана антибугарска идеолошка конструкција, под југословенски тоталитаризм. Во официјалниот бугарски дискурс, македонскиот национален идентитет се третира како изобличување на бугарскиот идентитет, конструкција, чија легитимност, според таа логика зависи од држувањето на таа антибугарска идеолошка конструкција. И само кога ке се острани таа наводно антибугарска конструкција имаме право да се третираме за некаков национален идентитет. И на ова Филипче вика дека не го негираат. Тоа е едно блатантно негирање на реалноста. СДСМ продолжуваат да изразуваат една лажна позиција а тоа е дека уставните измени се единствениот услов.Тоа не е точно. Тоа е прв услов. Ако влезеш во преговори на секоја меѓувладина конференција на секој чекор Бугарија има право да ти постави вето, не на основа на копенхашките критеријуми, не на основа на состојбите во демократијата, криминалот и корупцијата во оваа земја. Постојано ќе ти става вето заради историските, идентитетските прашања. Ставот дека само уставните измени и работата е готова е неточен. Заради вториот протокол преговараме со Бугарија меѓутоа најголемата грешка е што бугарските позицији и Бугарија кон нас се адресира во ЕУ дека не постои македонски јазик.

Звучи ли смешно СДСМ да отвара фронт против корупцијата?

МИЦКОВСКИ: Ниедна власт не прави доволно на полето на корупцијата. Секоја коалициона власт го прави истото. Корупцијата е станата и проблем на менталитет, има висока корупција но има и ниска корупција. Корупцијата извира некогаш од власта, но многу често извира и од граѓаните. Меѓутоа останува клучното прашање дека ни една власт не сака сериозно да се нафати со тоа прашање.

Го владеат ли СДСМ и ДУИ се уште судството и Обвинителството?

МИЦКОВСКИ: Секоја власт се стреми да го контролира обвинителството Меѓутоа пак забораваме дека и тоа е армија на луеѓ и не може сите да ги ставиме во истата корпа. Меѓутоа ова што го видовме сега последно со падот на обвинениието односно со неподнесување на обвинението одлично знаеме какви се релациите меѓу тој Обвинител и одредени политички партии, па и другата Обвинителка која се бавеше со предходни случаи за поранешни политичари од опозицијата. Сите се стремат да контролираат, меѓутоа, тој што е на власт има должност на тие грешки да ги реши. Во 35 години независност не сме виделе разрешница на ни еден случај на висок криминал и корупција.

Ја плаќа ли сега СДСМ цената на компромисите што ги правеа во минатото со ДУИ и со меѓународната заедица додека беа на власт?

МИЦКОВСКИ: Постојано кажувам, и ВМРО има свои кланови, поделби, интереси,, меѓутоа, во СДСМ е проблем, фондацијата, јас така ја викам „Фондацијата на Зоран Заев“. Не може една партија која се стреми да обедини и утре да владее да биде составена од само една групација на луѓе а луѓето кои што се долгогодишни членови, поранешни функционери кои што не се согласуваат или имаат различно размислување, да бидат шиканирани, бркани, тргани на страна. Секоја обединување и секоја демократска и граѓанска партија мора да се базира на едно и разногласие, на еден плурализм и на почитување на различните ставови. Според мене, екипата која е блиска до Заев се уште е таму, но ни друга екипа не. Според мене, не може некој да мисли дека политичка партија ќе се гради, ќе ја билда, ќе развива и ќе обединува само со една тесна структура на луѓе.

Гледате ли суштински промени во работата на актуелната влада или само нов стил на владеење? Поминаа две години.

МИЦКОВСКИ: Повеќе би рекол дека е прашање на стил, луѓето се незадоволни.Не се согласувам со ставот дека сега повторно има режим, ова е сега далеку од каков и да е режим. По некои национални прашања стојат многу подобро од предходната влада. Дојде ситуација ВМРО да ја прифаќа реалноста за преспанскиот договор, но СДСМ никако да признаат дека французкиот предлог и протоколот се тешка катастрофа за Македонија. Што се однесува до криминал, корупција, реализација на капитални инвестиции, владеење со буџет, располагање со пари премногу бавно се движат работите.Единственот проект кој мислам дека ќе им остане е Safe City, тоа докажува дека некој работи можат побрзо.

Дали Македонија денеска е пофункионална држава?

МИЦКОВСКИ:Македонија е чудно функционална и е чудо како издржува со ваква криминална корупција и граѓанска апатија, со вакви притисоци од страна. На крај би реков дека ние сме едно политичко и општествено, па и економско чудо како било што функционира.

Ова е само дел од она што разговаравме со Ивор Мицковски– целиот разговор погледнете го во видео-интервјуто.

Поврзани вести