Skip to main content

Мисајловски во касарната „Илинден“ на одбележување на Денот на Логистичката база: Логистичката база има суштинска улога во поддршката на Армијата

Често зборуваме за успесите, професионалноста и способностите на припадниците на македонската Армија при учество во воени вежби, мировни мисии и активности за зацврстување на безбедноста на Алијансата. Но, зад секој успешно реализиран ангажман стои силна, организирана и функционална логистика, основа на секоја успешна Армија.

Логистичката база има суштинска улога во поддршката на Армијата, од координација на сојузнички сили и реализација на најголемите воени вежби, до прием и распоредување на новата современа опрема.

На Денот на Логистичката база, кој симболично се поврзува и со 150 години од Разловечкото востание, упатувам благодарност до сите припадници за нивната професионалност, посветеност и служба кон татковината и граѓаните.

Поврзани вести