Skip to main content

IX Интернационален фестивал на камерни хорови „Астибо-Фест“ во Штип

Во рамки на програмата на НУ ЦК „Ацо Шопов“ – Штип и со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, на 23 мај 2026 година (сабота), со почеток во 19:30 часот, во НУ ЦК „Ацо Шопов“ – Штип ќе се одржи IX Интернационален фестивал на камерни хорови „Астибо-Фест“.

Фестивалот претставува значајна меѓународна културна манифестација која придонесува за афирмација на хорската уметност, развој на културната соработка и промоција на музичката култура.

На фестивалот ќе настапат хорови од Штип, Скопје, Тетово и Република Србија, а влезот е слободен за сите посетители.

Поврзани вести