Skip to main content

Културно лето на Чаир: Од 1 до 30 јуни Скопската чаршија и повеќе локации ќе се претворат во центри на културата

Општина Чаир го претставува „Културно лето на Чаир 2026″, едномесечна програма со културни, уметнички, спортски и забавни активности за сите генерации.

Од 1 до 30 јуни, Чаршијата и повеќе локации на територијата на општината ќе се претворат во центри на културата, традицијата, музиката и креативноста, преку низа активности кои имаат за цел збогатување на јавниот живот и промоција на културните вредности.

„Културно лето на Чаир 2026″ претставува манифестација што ги обединува граѓаните и го претвора Чаир во простор на средби, славење и културно доживување во текот на целиот месец јуни.