
Во рамки на Светскиот урбан форум во Баку, на покана на генералниот секретар, Чемил Арслан, како и Бурчухан Шенер, директорка за меѓународни прашања, го посетив штандот на Marmara Municipalities Union на Urban Expo, напиша на својот фејсбук профил министерот за локална самоуправа, Златко Перински.
Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката, размена на искуства и добри практики во делот на локалниот развој, урбаното планирање, дигитализацијата и јакнењето на капацитетите на општините, начините на поврзување на општините со ЕУ програми и слично.
Интересот за соработка со Македонија и нашите општини и институции е се поголем, и токму затоа Министерството за локална самоуправа останува посветено на градење активни меѓународни партнерства кои ќе значат современи, ефикасни и развојно ориентирани локални заедници.

Македонски


