
На 26 мај (вторник) во 10 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе биде домаќин на официјалната посета на претседателот на Владата на Република Хрватска Андреј Пленковиќ во земјата.
Согласно агендата, предвидено е пречек на премиерот Андреј Пленковиќ на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Потоа, предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот Пленковиќ, владина билатерална средба, потпишување на договори помеѓу двете влади за стратешка соработка, меморандум за соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерство за заштита на животната средина и зелена транзиција на Република Хрватска.
Понатаму, заедничка прес конференција ќе одржат премиерот Мицкоски и премиерот Пленковиќ, додека на крај е предвидено и средба и размена на искуства помеѓу бизнис заедницата на двете држави.
Настанот ќе се одржи во Хотел „Инекс Олгица“ во Охрид.

Македонски


