
Вчера во 17:30 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Ј.Т.(33) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите околу 13:30 часот на работното место во Гинеколошко-акушерска болница Чаир во Скопје при пад од скали.
За настанот е известен трудов инспектор, велат од МВР.

Македонски

