
На предлог на претседателот проф. др. Христијан Мицкоски, а со одлука на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, ја добив честа, но и одговорноста да бидам портпарол на најголемата и најорганизирана партија во Македонија – ВМРО-ДПМНЕ, вели Валентин Манасиевски, кој упати благодарност до претседателот на партијата и нејзиното раководството за довербата.
Ова не е само позиција, туку обврска. Ќе бидам гласот што транспарентно ќе ве информира, ќе одговара и ќе застанува зад она во што веруваме, а тоа е чесност, отчетност и работа за сите граѓани. Благодарам до сите оние кои ме поддржуваат во оваа работа. Се залагаме да работиме што е можно повеќе и да бидеме што е можно поблиску до народот, сподели Манасиевски.
Манасиевски е долгогодишен активист на ВМРО-ДПМНЕ, кој својот партиски активизам го има започнато во структурите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Има завршено високо образование на Филозофскиот факултет при УКИМ, а моментално е мастер студии на УГД во Штип.

Македонски

