
Во рамките на 54.издание на престижниот меѓународен фестивал „Мајски оперски вечери“ на 20 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини – едно од најемотивните и најизведуваните дела на светскиот оперски репертоар. Станува збор за музичка драма со силна човечка приказна, во која љубовта, надежта и предавството се испреплетуваат во трагична судбина.
Диригент на претставата е гостинот од Грција, Мирон Михаилидис, а режијата ја потпишува Александар Текелиев (Бугарија). Сценографијата е на Живојин Трајановиќ, костимографијата ја изработи Лира Грабул, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.
Во насловната улога – Чо Чо Сан (Мадам Батерфлај) настапува гостинката од Италија, Доната Д’Анунцио Ломбарди, во улогата на Пинкертон – Хектор Лопез (Мексико), а во улогата на Шарплес – Енрико Маручи (Италија). Во останатите улоги настапуваат: Марика Поповиќ, Исмет Вејсели, Невен Силјановски, Јане Дунимаглоски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина Димитриевска, Марко Димовски, Марко Гапо, Дарко Станојловски, Борко Биџовски, Филип Мирчевски, Никола Чедомировски, Шинаси Рамдан и Васко Здравков, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
„Мадам Батерфлај“ е опера за безусловната љубов и за кревката надеж што опстојува и покрај разочарувањето. Пучини во ова дело маестрално ги спојува западните музички традиции со ориентални мотиви, создавајќи партитура исполнета со лирска нежност и драматичен набој. Неговата посветеност на силна и трогателна приказна се чувствува во секоја музичка линија, правејќи ја оваа опера една од најемотивните во оперската литература.
54. Мајски оперски вечери
Џакомо Пучини
МАДАМ БАТЕРФЛАЈ
20.5.2026, 20.00 Ч.
Диригент: Мирон Михаилидис (Грција)
Режисер: Александар Текелиев (Бугарија)
Сценограф: Живојин Трајановиќ
Костимограф: Лира Грабул
Асс. диригент: Катерина Стојковска
Асс. режисер: Трајко Јордановски, Љупка Јакимовска
Концерт-мајстор: Верица Ламбевска
Хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓургица Дашиќ
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов. Анастасија Грговска
Инспициенти: Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски, Катерина Бошковска
Суфлери: Невена Георгиева, Ивана Јордановска
Настапуваат:
ЧО ЧО САН: Доната Д’Анунцио Ломбарди (Италија)
ПИНКЕРТОН: Хектор Лопез (Мексико)
ШАРПЛЕС: Енрико Маручи (Италија)
СУЗУКИ: Марика Поповиќ
ГОРО: Исмет Вејсели
БОНЗО: Невен Силјановски
ЈАМАДОРИ: Јане Дунимаглоски
КЕЈТ ПИНКЕРТОН: Соња Пендовска Мадевска
МАЈКАТА НА ЧО ЧО САН: Валентина Димитриевска
СИНОТ НА ЧО ЧО САН: Јован Јосифов
КОМЕСАР: Марко Димовски
ОФИЦЕР: Марко Гапо
СЛУГА: Дарко Станојловски, Борко Биџовски
МОРНАР: Филип Мирчевски, Никола Чедомировски
САМУРАИ: Шинаси Рамдан, Васко Здравков
ХОРОТ И ОРКЕСТАРОТ НА НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ

Македонски

