Skip to main content

Љутков: Конечно се отвора нова перспектива за македонската филмска индустрија и туризмот!

Конечно се отвора нова перспектива за македонската филмска индустрија и туризмот!, напиша на својот фејсбук профил министерот за култура, Зоран Љутков.

Владата го усвои Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, со кој повторно се враќа финансиската поддршка за филмот – чекор што може да значи вистинска ренесанса на македонската кинематографија.

Со новите законски измени:

3% од давачките од игрите на среќа ќе се одвојуваат за Агенцијата за филм -БЕЗ ограничување на висината на средствата на годишно ниво

Ќе се обезбедат повеќе средства за домашни филмови, серии и млади автори

Ќе се поддржат нови сценарија, дебитантски проекти и детски филмски содржини

Ќе се развива кино мрежата и македонската аудиовизуелна индустрија

4% ќе се издвојуваат за развој на туризмот, исто така без ограничувања

Ова значи повеќе македонски филмови, поголема меѓународна конкурентност и силен поттик за културниот и економскиот развој преку филмот, а со тоа и поголема промоција на Македонија како филмска и туристичка дестинација!

Филмот и туризмот заедно можат да станат еден од најсилните мотори на македонската економија, преку промоција на нашите природни убавини, култура, традиција и уникатни локации пред целиот свет.

Македонија има приказна што вреди да се раскаже и време е светот да ја види!

Поврзани вести