Skip to main content

Сиљановска-Давкова – Газиновски: Важно е решавањето на прашања за олеснување на секојдневниот живот на Македонците во Словенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Љубљана денеска се сретна со пратеничката во словенечкиот Парламент, Сандра Газинковски.

Со Сандра Газинковски, пратеничка во словенечкиот парламент, разговаравме за улогата и сè поголемото влијание на македонската заедница во словенечкиот општествен и политички живот. Посебно ми е драго кога гледам луѓе кои, и покрај тоа што семејните судбини ги однеле далеку, не ја изгубиле свеста за своето потекло. Напротив, преку работата и ангажманот придонесуваат за зајакнување на врските меѓу државата во којашто живеат и земјата од каде потекнуваат“, објави Сиљановска-Давкова на Фејсбук.

Таа нагласи дека на средбата се согласивме за важноста од решавање на конкретните прашања што го олеснуваат секојдневниот живот на Македонците во Словенија, како и унапредувањето на парламентарната соработка.

Поврзани вести