
Филмот „Мајки“ по сценарио и режија на Милчо Манчевски, ќе биде прикажан на 18 мај во 19 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје. Влезот е бесплатен.
Филмот е продуциран во 2010 година. Две деветгодишни девојчиња пријавуваат „манијак“ во полиција, тројца филмаџии пристигнуваат во напуштено село, а фикцијата постепено се претвора во документарност.
Улогите ги толкуваат: Ана Стојановска, Владимир Јачев, Димитар Ѓоргиевски, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Гоце Влахов, Диме Илиев, Благоја Спиркоски-Џумерко, Борис Чоревски, Петар Мирчевски, Марина Поп Панкова и Билјана Беличанец.
Прикажувањето на „Мајки“ е дел од проектот на Агенцијата за филм и „Синаплекс“ со цел доближување на домашната кинематографија до публиката, под мотото „Македонски филм. На големо платно.“ Проектот се реализира во соработка со Cineplexx и предвидува бесплатни кино-проекции на македонски филмови секој понеделник, со што македонскиот филм повторно се враќа таму каде што припаѓа – на големото платно.

Македонски

