
Тигар кој избегал од приватен имот во близина на Лајпциг, Германија нападнал и повредил едно лице, по што полицијата го убила.
Инцидентот се случил денес, а животното ѝ припаѓало на познатата тренерка Кармен Зандер, како што објави весникот „Билд“.
Според полициското соопштение, тигарот избегал од приватен ограден простор во Шкеудиц, западно од Лајпциг, пред да биде убиен во блиските градини.
Нападнатиот маж претрпел полесни повреди, но сепак бил префрлен во болница.
Портпаролката потврди дека нема други тигри на слобода.

Македонски

