Skip to main content

Македонец ја запроси својата љубена во Германија: Методија ѝ предложи брак на Наталија среде Лајпциг

Романтичен момент го одбележа германскиот град Лајпциг, кога Македонецот Методија, кој работи како автобуски возач, ѝ предложи брак на својата сакана Наталија, која работи во трајванскиот систем во градскиот превоз.

Несекојдневното запросување се случило во организација на нивниот работодавец, компанијата за јавен превоз во Лајпциг, а целиот настан предизвикал воодушевување кај колегите и граѓаните.

Германските медиуми ја пренесоа приказната како „високо романтичен момент“, а фотографиите и видеата брзо се проширија на социјалните мрежи.

Поврзани вести