Skip to main content

Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра“: Работилница за деца на која филмот излегува од екранот и се претвора во игра, разговор и креативна авантура

На 16 мај (сабота), од 12:00 до 15:00 часот, Public Room станува место каде филмот излегува од екранот и се претвора во игра, разговор и креативна авантура!

„Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра“ е внимателно осмислена викенд-програма за деца од 5 до 12 години, во која секоја сцена продолжува низ детската имагинација. Преку проекција на избран детски филм, ликовна работилница, групни активности и драмска игра, децата не само што гледаат, туку доживуваат, создаваат и учат како да ги препознаат и разберат светот околу себе и сопствените емоции.

Работилниците се раководени од Ана Василевска, авторка и програмска координаторка на проектот, која низ интерактивен и топол пристап ги води децата низ процесот на гледање, размислување и креативно изразување.

Во текот на тричасовната програма, децата ќе добијат:

– заедничко филмско доживување со внимателно одбран детски филм

– креативна работилница (цртање и визуелно изразување инспирирано од филмот)

– воден разговор за препознавање емоции, другарство и вредности

– групни активности што поттикнуваат соработка и самодоверба

– драмска игра и импровизација

– краток вовед во светот на филмот (како се создава приказна, улогата на ликовите, музиката и емоциите)

Ова е простор каде децата гледаат, размислуваат, чувствуваат, зборуваат и создаваат.Простор каде се негуваат љубопитноста, другарството и чувството за заедништво, вредности што остануваат долго по завршувањето на настанот.

Поврзани вести