Skip to main content

Прекинат полуфиналниот меч Синер – Медведев на Мастерсот во Рим

X

Полуфиналниот меч од Мастерсот 1000 во Рим меѓу Јаник Синер и Данил Медведев ќе има продолжение денеска откако доцна синоќа беше прекинат поради дожд во третиот сет при резултат 1:1 (6:2; 5:7 и 4:2). Продолжението на мечот е попладнево, но не пред 15 часот.

Во седмиот гем од третиот сет најдобриот светски тенисер Синер од судијата бараше прекин, поради опасноста од повреда на влажниот терен, а Медведев по нивниот разговор само се упати кон соблекувалната.

Синер мечот го почна на доминантен начин и поведе со 1:0 во сетови, но потоа следуваа проблеми за него и во петтиот гем од вториот сет во еден момент повраќаше на теренот. Медведев предноста во сетот ја реализираше со уште еден брејк во 12.гем и изедначи на 1:1 во сетови.

Прв финалист на турнирот е Каспер Руд, кој со убедливи 2:0 (6:1 и 6:1) го совлада Лучано Дардери.

По продолжението на мечот Синер – Медведев, но не пред 17 часот на програмата е женското финале меѓу Коко Гоф и Елена Свитолина. 

Поврзани вести