Skip to main content

Матурантите во Делчево со свечено дефиле ја одбележаа матурската вечер

Делчевските матуранти со традиционално дефиле низ центарот на градот ја одбележаа матурската вечер, обојувајќи го Делчево во духот на младоста, елеганцијата и надежта.

Вкупно 66 матуранти од средношколскиот училишен центар СОУ „М.М.Брицо“ продефилираа пред бројни граѓани, кои со аплаузи и поддршка ја поздравија генерацијата 2022/2026 на нивниот свечен чекор кон новото животно поглавје.

Градоначалникот Гоцевски, упатувајќи честитка до матурантите, истакна дека тие ја имаат моќта да го менуваат светот на подобро.

Искрено ви ја честитам матурата и ви посакувам да сонувате, да патувате и да ги остварите вашите амбиции. Чекорете гордо и достоинствено, освојувајте нови височини и претворајте ги предизвиците во можности. Матурата е почеток на нов период од вашиот живот“, рече Гоцевски.

Тој додаде дека знаењето стекнато во училиштето претставува цврста основа за идниот напредок на младите, а пријателствата од ученичките денови остануваат трајна вредност.

Во рамки на свеченоста беа доделени признанија за најдобрите 10 матуранти. За првенец на генерацијата е прогласен Лука Стојменовски од класот 4-1.

Меѓу најуспешните матуранти се и Ива Цонева, Даме Ивановски, Ива Анакиевска, Ивана Дамјановска, Сара Петровска, Сара Ангелова, Ана Ивановска, Јана Попова и Сара Тодоровска.

Согласно Програмата за образование на Општина Делчево, најдобрите 10 матуранти ќе добијат парична награда од 20.000 денари, додека првенецот на генерацијата ќе биде награден со 30.000 денари. 

Поврзани вести