Skip to main content

ВРЕДИ: Се враќа целосната функционалност на Комисијата за односи меѓу заедниците, нов чекор за зајакнување на Охридскиот рамковен договор

Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините. Беше дефакто ослабена од политиките на ДУИ. Нејзината улога беше ослабена. Ја изгуби реалната тежина во процесите на одлучување, иако произлегува од Охридскиот рамковен договор, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Од денес, тоа се менува. На чело на Комисијата е избран пратеникот на ВРЕДИ, Аднан Азизи. Тој ќе предводи нова фаза. Фаза на целосна функционалност и јасна институционална одговорност.

Комисијата повеќе нема да биде формалност. Таа ќе биде активен орган. Функционален механизам со реално одлучување и директна одговорност за правична и соодветна застапеност, употребата на јазиците, образованието и културата, со цел целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор и Бадинтеровиот принцип.

ВРЕДИ става крај на практиките на институционално занемарување. Законот за правична и соодветна застапеност ќе се спроведува со целосна сериозност. Институционалната еднаквост повеќе нема да остане само на хартија“, велат од ВРЕДИ.

Поврзани вести