Skip to main content

Карик продолжува на клупата на Манчестер јунајтед до 2028 година

Facebook / Michael Carrick

Манчестер Јунајтед ќе го задржи Мајкл Карик на тренерската должност, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Според истиот извор, косопственикот на Јунјатед ја одобрил одлуката на клубот да ја продолжи соработката со Карик.

Поранешниот англиски репрезентативец ќе потпише договор со Јунајтед до крајот на сезоната 2027/2028 со опција за продолжување за уште една година.

Карик во јануари оваа година седна на клупата на 20-кратниот англиски шампион како привремено решение, по отказот што му беше врачен на португалскиот стратег Рубен Аморим.

Јунајтед под водство на Карик ја завршува сезоната во Премиер лигата на третото место на табелата и обезбеди пласман во Лигата на шампиони.

Поврзани вести