Skip to main content

ВРЕДИ: Граѓанскиот интерес над профитот на коцкарската индустрија

За првпат по многу години, државата го става интересот на граѓаните пред интересот на коцкарската индустрија. Владата презема конкретни чекори за воспоставување ред, одговорност и вистинска заштита за семејствата, младите и иднината на нашето општество, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Како што велат од партијата, новиот закон за игрите на среќа не е само мерка против казината. Овој е закон во заштита на албанското семејство и на секој граѓанин кој со години гледал како коцкањето уништува семејни економии, ги загрозува младите и се шири во близина на училиштата и нашите населби.

Преку овој закон се гради систем во кој се заштитуваат:
* семејствата од осиромашување и долгови,
* младите од зависност и социјална деградација,
* семејната економија од финансиско уништување,
* училиштата и образовните простори од влијанието на индустријата на коцкањето,
* како и моралниот и општествениот ред кој со години бил нарушуван од неконтролираното ширење на игрите на среќа.

Минималната дистанца од 500 метри од училиштата, забраната за агресивно рекламирање на игрите на среќа и новите законски ограничувања се конкретни мерки што покажуваат дека државата конечно дејствува во интерес на граѓаните, а не на тесни финансиски интереси.

За ВРЕДИ, заштитата на семејството и младите не е политички слоган, туку морална и институционална обврска.

Општеството не може да се гради врз зависности, долгови и губење надеж. Општеството се гради врз силни семејства, заштитени млади и институции што имаат храброст да го стават јавниот интерес над интересите на индустриите што ги штетат граѓаните.

Ова е само почеток на враќањето на редот, одговорноста и достоинството во општеството“, велат од ВРЕДИ.

Поврзани вести