Skip to main content

Почина новороденче откако поради породилни болки мајката го родила во дворот

Ноќва во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче, кое неговата мајка Ѓ.У.(35) од с.Конче, радовишко, го родила во домот.

Лекар констатирал смрт, а мајката била сместена на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Штип.

Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со нејзиниот сопруг К.У.(33) од с.Конче, при што било утврдено дека околу 02:00 часот Ѓ.У. добила породилни болки и се породила во дворот. Запознаен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти МВР.

Поврзани вести