
На 16 мај 2026, со почеток во 20 часот на сцената во МОБ ќе биде изведена „Тоска“, во рамките на Мајски оперски вечери.
„Тоска“ не бара предзнаење. Не мора да знаете ништо за опера за да почувствувате што се случува на сцената. Приказната е толку силна, а музиката толку жива, што ве вовлекува уште од првиот момент.
Многумина доаѓаат „само еднаш да видат“. А потоа повторно се враќаат.
Ако посакувате вечер што ќе ве одмори од секојдневието и ќе ви даде чувство дека навистина сте доживеале нешто вредно, ова е вистинскиот момент, велат од Македонска опера и балет.
Како што информира НОБ, таа е една од најмоќните и најемотивни опери на Пучини, приказна исполнета со љубов, страст, љубомора и опасност, каде секој момент носи нова неизвесност.
Музиката на Пучини ја води драмата со неверојатна енергија, создавајќи атмосфера што ја освојува публиката уште од првиот тон. Во свет полн со брзи моменти и секојдневен хаос, ретки се вечерите што навистина оставаат впечаток. Ова е токму такво искуство — спектакуларна сценографија, оркестар во живо и приказна што со генерации ја одушевува светската публика, соопшти НОБ.
Режисер е Огњан Драганов од Бугарија, диригент Марчин Наленч Њешјоловски од Полска, сценограф Зоран Николовски, костимограф Марија Пупучевска. Насловната улкога ќе ја игра Марија Јелиќ од Србија. а во екипата се и солисти од Бугарија, Италија и од Националната опера и балет.

Македонски

