Skip to main content

Изложба и панел дискусија за Исар – Марвинци во македонскиот КИЦ во Истанбул

По повод Меѓународниот ден на музеите, Археолошкиот музеј на Македонија во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, ќе организираат изложба, како и панел дискусија посветени на археолошкиот локалитет Исар – Марвинци, еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија и поширокиот балкански простор.

Настанот ќе се одржи на 18 мај 2026 година во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул и ќе претставува ретка можност турската публика поблиску да се запознае со богатото културно и археолошко наследство на Македонија.

Поврзани вести