Skip to main content

Ние Албанците од кланот на Скендербег, кои сме многу малку во Македонија, се разликуваме од ова племето на Султанот, вели Мухамеди

Јас, кој нема сопствен стан, кола, куќа и нема никакви приходи од Државата, сум бил антиалбанец и сум работел за Македонците, вели младиот адвокат Умејр Мухамеди, во реакција на „Фејбук“.

Така викат неписмениве, ама тие Албанци што се имат збогатено на грбот на македонскиот народ, тие на кои Мијалков им беше татко и Бог, што со Македонци заедно имат украдено, што уште ја слушаат Цеца и ги отварат прозоритe на возилата за и надвор да се слуша и кои користат различни привилегии од државата – биле големи Албанци. Ние нема да застанеме и ќе им ги разобличиме сите нивни антидржавни намери. Ние Албанците од кланот на Скендербег, кои сме многу малку во Македонија, се разликуваме од ова племето на Султанот, кои се декларираат како Албанци бидејќи ние иако сме Албанци, ние ја почитуваме државата во која живееме со сите добри и лоши страни, ние сме против насилство и не подржуваме омраза, за разлика од Албанците од племето на Султанот кои се агресивни, нелојални и неблагодарни према државата, порача тој и доби доста поддршка од јавноста.

Поврзани вести