Skip to main content

„Вреди“: Реформите во високото образование даваат конкретни резултати

„Вреди“ оценува дека реформите во високото образование се материјализираат во практика, одразувајќи ги барањата на академската заедница и албанските универзитети, се вели во соопштението на партијата

Во таа насока, учеството на Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали на панел-дискусијата организирана на Универзитетот „Мајка Тереза“ за институционална консолидација и законодавството во високото образование, го потврдува ангажманот за конкретна имплементација на реформите.

Фактот што правните предизвици на Универзитетот „Мајка Тереза“, вклучително и прашањата поврзани со Статутот, веќе се надминати, покажува дека реформите не останале само на хартија, туку се спроведува функционален модел кој гарантира стабилност, квалитет и универзитетска автономија“, се вели во соопштението.

„Вреди“ потенцира дека високото образование останува приоритет, со фокус на подобрување на условите за студентите и академскиот кадар, како и на градење силни институции кои придонесуваат за развојот на државата.

Преземените реформи носат конкретни промени, вклучително и укинување на Х-индексот како основен критериум за евалуација на академскиот кадар, гарантирање на сигурноста на работните места и создавање повеќе можности за професионален развој.

Во оваа насока, студентот останува во центарот, додека универзитетот се зајакнува како темел на општествениот и економскиот развој“, велат од „Вреди“.

Поврзани вести