Skip to main content

Во Крива Паланка се одржа свечено матурско дефиле низ градот

Во организација на Општина Крива Паланка и  средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, со свечено дефиле на матурантите од генерацијата 2022/2026 беше одбележано завршното поглавје од средното образование на младите средношколци од општината.

Со многу насмевки, емоции и младешка енергија, матурантите достоинствено дефилираа низ градскита улица, испраќајќи едно незаборавно средношколско поглавје и чекорејќи кон нови животни предизвици и успеси.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, упати искрени честитки до сите матуранти, со желби за многу среќа, успех и исполнети соништа, потенцирајќи дека токму младите се идните двигатели и градители на нашето општество.

Денеска со посебна емоција, радост и тивка возбуда, заедно со матурантите од СОУ „Ѓорче Петров“ (2022–2026), го проследивме нивното достоинствено дефиле низ градот. Гордо испративме генерација која носи талент, сила и зрелост, генерација што со своето знаење и енергија ја гради иднината. Генерација што не следи време, туку го создава – идни градители на нашето општество“, рече Митовски во обраќањето пред матурантите во дворот на училиштето.

По дефилето низ градот, на градскиот плоштад се одржа мала прослава и симболично збогување со средношколските денови.

Митовски им посака среќа и успех во сите нови предизвици што ве очекуваат.

Поврзани вести