
Општина Берово ја заврши изградбата на нов тротоар на потегот од улицата Дамјан Груев со улицата Маршал Тито до влезот на градските гробишта, со што значително се подобрува безбедноста и условите за движење на пешаците во овој дел од градот.
Од Општината информираат дека со реализацијата на проектот е обезбедена побезбедна и поуредена пешачка инфраструктура, особено за граѓаните кои секојдневно го користат овој потег.
Со изградбата на новиот тротоар се овозможува полесно и побезбедно движење за сите учесници во сообраќајот, а воедно се подобрува и урбаниот изглед на овој дел од Берово“, информираа од локалната самоуправа.
Инвестицијата е во вредност од 2.888.870 денари, средства обезбедени преку Министерството за транспорт.
Од Општина Берово посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности за унапредување на локалната инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Македонски


