
Американскиот државен секретар Марко Рубио во интервју за „Ен-би-си њуз“ изјави дека нема промена во политиката на САД кон Тајван.
Политиката на САД кон Тајван е непроменета по денешниот состанок. Тоа беше споменато. Тие секогаш го споменуваат (Тајван). Ние секогаш јасно го искажуваме нашиот став и преминуваме на други теми“, изјави Рубио по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со кинескиот колега Си Џинпинг во Пекинг.
Рубио, кој е дел од американската делегација во Кина, додаде дека Пекинг би направил „ужасна грешка“ ако со сила го преземе Тајван.
Претходно, Си го предупреди Трамп на потенцијален конфликт помеѓу Кина и САД ако прашањето за Тајван не биде решено на соодветен начин.

Македонски


