Skip to main content

Си Џинпинг: Кина и САД треба да се партнери, а не соперници за да придонесат за благосостојбата на светот

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, на приемот организиран во чест на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп, порача дека Кина и САД треба да бидат партнери, а не соперници.

Си посочи дека двете држави имаат потенцијал за соработка.

И кинескиот и американскиот народ се големи народи. Остварувањето на големата преродба на кинеската нација и враќањето на величината на Америка можат да одат рака под рака“, наведе Си.

Тој додаде дека двете држави можат да работат за општото добро.

Можеме да си помагаме едни на други да успееме и да придонесеме за благосостојбата на целиот свет. Нашите две земји треба да бидат партнери, а не соперници“, истакна Шји.

Поврзани вести