
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, учествуваше на панел-дискусијата организирана на Универзитетот „Мајка Тереза“ на тема „Институционална консолидација и законодавството за високото образование“.
Сали во своето обраќање, како што соопшти неговиот Кабинет, ја истакнал важноста на институционалната консолидација и зајакнувањето на високото образование како клучен столб за развојот на општеството и перспективата на младите.
Тој нагласил дека правните пречки со кои се соочуваше Универзитетот „Мајка Тереза“ веќе се надминати, вклучително и предизвиците поврзани со Статутот на Универзитетот, со што се отвора патот за понатамошен институционален развој, унапредување на квалитетот во образованието и зајакнување на улогата на универзитетот во општеството.
Нашата заложба како Влада останува цврста во поддршката на високото образование и развојот на образовната и научната инфраструктура, со цел создавање подобри услови за студентите и академскиот кадар, како и градење силни институции, кои придонесуваат за развојот на државата и перспективата на нашите млади“, истакнал Сали.
На панел-дискусијата учествуваа и институционални претставници, универзитетски професори и експерти од областа на високото образование, кои разговараа за предизвиците и приоритетите за унапредување на универзитетскиот систем и зајакнување на институционалната автономија.

Македонски


