
Срамот одамна не е присутен кај СДС и затоа бесрамно се обидуваат да избришат се македонско, односно тоа што Зоран Заев го започна, како продажба на националните и државни интереси, Венко Филипче секој ден како папагал повторува дека е спремен да го доврши.
Воедно бесрамно лажат дека ги заштитиле идентитетот и историјата, а на институциите им ги менуваа имињата од македонски во национални, така на пример Македонска опера и балет стана Национална опера и балет, дури одеа дотаму што вршеа притисоци Фудбалската федерација на Македонија да го смени името, иако тоа е независна организација.
Да не се заборави и дека пред споменици на македонски историски личности, ставаа табли дека се дел од хеленска што значи старогрчка историја, а не хеленистичка, што е сосема различно и не значи грчко туку според историчарите ја означува космополитската култура на сите народи кои биле под владение на македонската империја на Александар Македонски.
Но, терминологијата секогаш е слаба страна на СДС, па така српскиот пиар на Башановиќ, сега го тера Филипче да се резили со напади врз терминот „промакедонски“ кој во политичкиот и општествениот дискурс е прифатен како термин кој се однесува на застапување на македонските национални и државни интереси и се кажува дека приоритет се става на Македонија.
Затоа само СДС и Филипче немаат проблем кога некој не нарекува северномакедонци, тие се горди на тоа, затоа само тие сметаат дека Бугарија не го негира македонскиот идентитет.
Но, на сите им е јасно дека СДС има проблем со македонските интереси. Тие работат за туѓите антинационални и антидржавни интереси, па затоа барањата на Венко Филипче не се разликуваат од барањата на Бугарија која го негира македонското постоење пред 1944 година, ги бугаризира македонските револуционери, македонските дејци, викаат дека македонскиот јазик е произлезен од бугарскиот.
Не се Бугарите во Уставот проблемот за нив, тие се само маската и тоа и бугарските политичари јасно го кажале дека само вака полесно пред европските политичари можат да го оправдаат блокирањето на Македонија во ЕУ. Во Уставот јасно стои покрај наведените, дел од граѓаните на Македонија се и другите народи и заедници и нивните права се загарантирани.
Токму затоа како што Бугарија се противи на гаранции дека нема да блокира и да бара отстапки од македонскиот идентитет и историја, на истото се противи и Филипче.
Повеќе од очигледно е дека заевиот пиун, Венко Филипче, е добро уценет и мора да одработува за бугарските позиции, но лошата

Македонски


