
Петгодишно дете е повредено откако вчера паднало од балкон во семејна куќа во Гостивар. Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар од Ургентниот центар во 19:00 часот.
Детето по укажаната прва помош е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување, информираа од МВР.
Увид на местото извршила полициска екипа од Гостивар.

Македонски


