Skip to main content

Премиерата на „Чичко Куплунг“ во режија на Јани Бојаџи се одржа синоќа во Куманово: Сурово искрен приказ на транзициското општество во 90-тите претставена со одлична актерска енергија и хумор

Вечерва бев на премиерата на „Чичко Кумплунг“ во Театар Куманово, претстава инспирирана од култниот лик од „Самоуништување“, во режија на Јани Бојаџи и текст на Сашко Насев, напиша на својот фејсбук профил министерот за култура Зоран Љутков.

Црна комедија, сатира и сурово искрен приказ на транзициското општество во 90-тите, претставена со одлична актерска енергија и хумор.

Честитки до целата екипа.

Претставата „Чичко Куплунг“ во режија на Јани Бојаџи е работена според пиесата „Прирачник за самоуништување“ од Сашко Насев. Станува збор за култен лик од македонскиот филм „Самоуништување“ на Ербил Алтанај од 1996, кој го играше Јовица Михајловски, а кој беше и продуцент на филмот. „Самоуништување“ е црна комедија и сатира за општеството во транзицискиот период во Македонија, чија премиера беше во мај пред 30 години.

Во претставата „Чичко Куплунг“ играат: Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска-Илиќ, Давид Илиќ, Александра Михајловска-Величковски, Владанка Крстевски, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички и Жарко Јовановиќ.

Поврзани вести