
Почеток на нова ера во малопродажбата и пазарувањето во Македонија. Со влегувањето на македонскиот пазар, светскиот гигант во малопродажба СПАР, компанија која со свои маркети е присутна во над 50 земји ширум светот, ќе понуди ново шопинг искуство, меѓународни стандарди и современ пристап кон секојдневното купување.
Со воведувањето на своите стандарди за врвен квалитет и свежина на секој производ, СПАР на секое семејство ќе му понуди многу повеќе од обично пазатрување.

Влегувањето на овој холандски бренд во Македонија, е замислено и како 0значајна долгорочна инвестиција во земјава насочена кон модернизација на пазарот, унапредување на понудата и создавање нови можности за вработување. Во следниот период планирано е отворање на 65 маркети ширум Македониа, како и нов голем дистрибутивен центар на компанијата.
На македонскиот пазар влегува со план за отворање на 65 маркети и нов модерен дистрибутивен центар во инвестиција вредна 43 милиони евра. Тоа ќе понуди отворање нови работни места, можност за професионален развој и тренинг, како и подигнување на нивото на услуга за купувачите. Очекуваме дека ќе придонесеме за раст на целиот сектор и воведување нови технологии. Влезот во Македонија е дел од развојо на компанијата во регионот на југоситочна Европа со присуство во Хрватска, Словенија, Косово и Албанија“, за време на промоцијата истакна интернационалниот директор за продажба и развој на компанијата СПАР, Дејвид Мур.

Новите маркети на СПАР во Македонија ќе понудат внимателно селектиран асортиман кој вклучува свежи производи, секојдневни потреби, интернационални брендови, како и сопствени СПАР производи (СПАР брендови) познати по нивниот квалитет и конкурентна цена. Посебен акцент е ставен и на локалните производители, со цел да се поддржи домашната економија и да се зголеми присуството на македонски производи на рафтовите.
Секој кој ќе дојде да пазарува во нашите маркети ќе може да купи свежи и квалитетни производи, а притоа ќе биде пречекан со одлична услуга и насмевка и ќе може да го напушти маркетот задоволен и со повеќе пари во џебот“, додаде Мур.

Влезот на овој светски бренд што постои на пазарот повеќе од 90 години носи и нови можности за вработување, како и инвестирање во обуки и развој на кадарот, со цел подигнување на професионалните стандарди во малопродажниот сектор.

Со јасна стратегија за постепено и одржливо ширење, СПАР планира да ја развива својата мрежа низ земјата, градејќи долгорочно присуство и доверба кај потрошувачите.
Со отворањето на првите маркети на СПАР во Македонија, се означува трансформација на целиот пазар на малопродажба во зејава. Тоа значи нови стандарди, нови вредности и ново искуство за купувачите. Планираната инвестиција е 43 милиони евра за три години. Петнаесет милиони ќе бидат вложени во отвораљето и опремуањето нови маркети, како и ребрендирање на постоечките маркети на нашите партнери „Кит Го“ и „Фреш“ маркети.
Посебна инвестиција ќе биде изградбата на новиот дистрибутивен центар вредна 30 милиони евра. Тоа ќе биде објект во кој ќе биде интегрирана најнова напредна технологија и во него ќе бидат отврени 400 работни места. Посебен акцент ќе биде ставен на развојот на СПАР марка, што ќе значи не само подигање на стандардот на домашните производители туку и развој на македонски мали и средни претпријатија и на македонските брендови воопшто“, изјави Славица Блажева, комерцијалниот директир на СПАР Македонија.

Со ваквите планови за влез и развој во Македонија и во услови на динамични економски движења, СПАР се позиционира со јасен фокус на најдобар однос помеѓу цената и квалитетот, редовни промоции и понуди кои ќе обезбедуваат дополнителна вредност за потрошувачите.

На тој начин, СПАР не доаѓа само како нов маркет – туку како концепт што го менува начинот на купување, нудејќи повеќе избор, подобар квалитет и повисоко ниво на услуга.


Македонски



