Skip to main content

Банда малолетници нападна и ограби деца на екскурзија во паркот во Гази Баба

Вчера во 11:06 часот во СВР Скопје, од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром е пријавено дека за време на еднодневна екскурзија организирана преку училиштето во парк шума Гази Баба, неколку ученици биле физички нападнати од неколку други малолетници, а на еден ученик му бил одземен личен накит.

Во 16:13 часот во СВР Скопје, А.К.(47) од Скопје пријави дека во периодот од 11:00 до 12:00 часот во парк шума Гази Баба, неговиот 13-годишен син и двајца негови соученици, додека биле на еднодневна екскурзија преку училиштето во кое учеле, биле физички нападнати од неколку малолетници.

Од СВР Скопје велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести