Skip to main content
F58slpXk6vA

Песни со љубов и душа – „Бендот на браќа Нуне“ промовираше две песни и најави албум

„Бендот на браќа Нуне“ денес промовираше две песни и два спота, кои се најава за двата албуми што ќе бидат промовирани на есен. На промоцијата што се одржа „Си кафе“ во населбата Железара пред новинарите тие ги открија деталите не само за двете песни, туку и за целиот голем музички проект, кој се состои од два албуми, на кои се сместени 16 песни. Овие талентгирани и школувани музичари годинава прославуваат 8-годишнина од постоењето на бендот и по тој повод подготвуваат два албума, еден фолк и еден поп, бидејќи подеднакво добро и успешно пливаат и во двата стила. Оттаму и песните кои беа промовирани се фолк и поп.

-Цело време сме со музика и видовме дека во македонската музика недостасуваат песни, бидејќи сите хитови веќе долги години се свират. Нашата цел е да направиме нови песни со кои ќе ја оживееме македонската музика. Поводот е нашето осум годишно постоење, постоењето на „Бендот на браќа Нуне“ и затоа сакаме да ви подариме осум народни и осум забавни песни, рече Раде.

Филип, пак, рече дека осум годишнината е свртена во „инфинити“ што би значело дека нивната музика нема граници.

-Сметаме дека добро можеме да свириме и народна и забавна музика. Имаме два прекрасни вокали Мими и Дац, имаме прекрасни инструменталисти Слободан Геровски и Робер Јосимовски. Навистина добро се снаоѓаме и во народната и во забавната музика, рече Филип.

По промоција на спотовите и по аплаузот кој им го дадоа новинарите членовите на „Бендот на браќата Нуне“ продолжија со откривање на деталите.

-Не слушнавте и во забавен во народен свет. Сите теми на албумот се љубовни, посветени се на нормалните вредности, на традицијата. Секоја песна зрачи со љубов. За песната „Љубов што е љубов“ музиката и текстот се мои, аранжманот е на Роберт Билбилов, а видеото е на Никола Наумовски. За фолк песната „Тапаните силно ми чукаат“ продуцент е Мите Димовски, видеото е на Гордан, а музиката и текстот се мои, рече Филип. Раде, пак, ги откри деталите албумите.

-Ова само почеток, со нетрпение го чекавме денот да ги објавиме. Од утре па натму ќе ги подготвуваме и останатите спотови. На секои две недели ќе има нова песна со спот, сето тоа до септември, кога на концертна промоција во живо ќе ги отсвириме сите песни. Сакаме да има постојано нешто ново од нас, рече Раде.

Од овој бенд досега сме слушнале многу музика, многу препеви, но ова е сосема нешто друго, нешто што значи нивно обележје.

– Фолк албумот се вика „Љубов“, додека поп албумот е „Верувај ми“. Осум години создаваме, направивме многу препеви, но мислиме дека е вистински момент да почнеме да создаваме наши спомени. Наша музика. Вистинска авторска музика и дека сите ќе ја разберат нашата порака, а тоа е-љубовта, додаде Филип.

Токму песните „Љубов што е љубов“ и „Тапаните силно ми чукаа“ се доказ дека подеднакво добро пливаат и во двата стила и дека ова е почеток на се убво и големо што ќе се случува понатаму.

-Среќни сме кога луѓето се среќни со некои убави песни. Целта на овој проект е тоа, да направиме музика што ќе им се допадне. Дали е народна или забавна за нас навистина не е важно, важно е да биде убаво. Публиката понатаму ќе каже. Сите песни се праавени со љубов и се понатаму што ќе излегува од нас ќе се прави со многу љубов. Публиката тоа го препознава. Се познава кога во некоја песна има душа и таа душа ќе се обидеме да ја пренесеме на публиката. Сите нас во бендот не дрижи музиката, но и почитта, ние сме другари од детство и благодарни сме што имаме вакви луѓе во бендот. Ние сме тим каков што треба да биде, додаде Раде.

Поврзани вести