
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад привеле седум странски државјанки при контрола во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид.
Како што информира МВР, станува збор за четири државјанки на Русија на возраст од 26 до 29 години, една државјанка на Бугарија, една од Казахстан и една од Србија.
При контролата било утврдено дека тие нелегално работеле како танчерки во клубот, по што биле приведени.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно член 217 од Законот за странци.

Македонски



