
Младиот музички талент Андреј Цековски, ученик во 5 одделение во нижото музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, под менторство на наставничката по пијано Марија Диманин Богоевска, освои Прва награда на престижниот меѓународен натпревар International Youth Music Competitions, во категоријата „USA Classical Hobbyist“, одржан во март 2026 година.
Со својот впечатлив настап, Андреј се издвои меѓу учесници од повеќе земји од светот, покажувајќи исклучителна музикалност, техника и уметничка зрелост. Овој успех претставува значајно меѓународно признание за неговата посветеност и љубов кон класичната музика”. Како дополнително признание за постигнатиот успех, Андреј Цековски е официјално поканет во септември годинава во Њујорк, каде ќе ја прими наградата и ќе одржи свој музички настап во рамки на свечениот концерт на победниците. На натпреварот учествуваа такенти од Австралија, Канада, Кина, Полска, Украина, Турција, Соединетите Американски Држави и многу други земји, а освоената Прва награда уште еднаш го потврдува талентот и потенцијалот на Андреј Цековски на меѓународната музичка сцена, вели жирито во своето образложение.

Македонски



