Skip to main content

Мицкоски на Регионална министерска конференција: Ова е разговор за иднината на нашите народи

Денес и утре во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) се оддржува Регионална министерска конференција на тема „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“.

Конференцијата ја отвори премиерот Христијан Мицкоски, кој е покровител на овој настан.

Ова не е уште една конференција ова е разговор за иднината на нашите народи, разговор за тоа какви држави ќе оставиме позади нас, разговор за тоа дали ќе создадеме општества во кои младите ќе сакаат да останат, семејствата ќе сакаат да создаваат иднина, а повозрасните ќе живеат достоинствено и посигурно – рече Мицкоски во своето обраќање.

Премиерот Мицкоски истакна дека живееме во време на длабоки глобални промени, светот се менува побрзо од било кога претходно.

Климатски промени, тхнолошката револуција, дигитсалната трансформација, новите економски модели и новите гео-политички предизвици веќе ја обликуваат новата реалност, рече Муцкоски.

Тој наведе дека паралелно со сите тие процеси постои уште една тивка но суштинска трансформација а тоа е демографската промена.

Поврзани вести