
Прволигашките екипи Силекс и Шкендија Тетово изборија пласман во финалето од куп натпреварувањата откако попладнево постигнаа победи во реванш полуфиналните дуели. Во Кратово, Силекс го совлада тимот на второлигашот Охрид со 1:0, а стрелец на голот од пенал беше Дарко Додев во 35.минута. Екипата на Силекс преку Ади Алиќ не искористи пенал во 25.минута, неговиот удар го одбрани Дамјан Серафимов. На првиот дуел во Охрид беше нерешено 1:1.
Шкендија Арачиново во Куманово ја пречека Шкендија Тетово, која победи и на вториот дуел со 2:0 и со вкупни 5:2 се избори за финалето. Головите за тетовска Шкендија ги постигнаа Себастијан Спахиу во 86.минута и Ричард Нзендгуе во 88.минута.
Финалето меѓу Силекс и Шкендија Тетово ќе се игра на 20.мај.

Македонски




