Skip to main content

Театарот од Велес вечерва со „Вечера за глупаци“ гостува во Драмски

Претставата „Вечера за глупаци“ по текст на Франсис Вебер, во режија на Ненад Витанов, ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Драмскиот театар од Скопје. Гостувањето е дел од одбележувањето 80 години Драмски театар. Играат: Жарко Спасовски, Сандра Танчева, Јордан Витанов, Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Талија Настова, Кире Ацевски и Сашко Костов.

Комедијата следи приказната на група „џентлмени“ кои секоја недела организираат вечера на која секој треба да донесе „глупак“ – личност што ќе ја исмеваат. Но планот се урива кога еден од „поканетите“ несвесно ќе предизвика хаос, откривајќи дека вистинската глупост често се крие токму кај оние што мислат дека се над сите. Резултатот е урнебесна комедија полна со пресврти, хумор и заразна енергија.

Поврзани вести