Skip to main content

И тоа се случи: Манчестер јунајтед конечно победи

 Манчестер јунајтед синоќа ја победи Рома со 3:2 во четвртото коло од Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра на „Олд Трафорд“ во Манчестер.

Гостите од Рим постигна два брзи гола, преку Матијас Суле во 11. минута и Мален од пенал во 17. минута. На почетокот на второто полувреме, Манчестер намали од пенал преку Бруно Фернандеш. Матеус Куња постигна два гола во рок од три минути (во 83. и 86. минута) за победа на англискиот тим, но беше исклучен во судиското продолжение.

Манчестер јунајтед има шест бода и се наоѓа на 17. место во генералниот пласман. Рома е на 19. место со четири бода.

Резултати на другите натпревари во ЛШ одиграни синоќа: 
Атлетико Мадрид – Баерн 0:2
Барселона – Астон вила 3:0
Бодо/Глимт – Лил 0:0
Феенорд – Интер 0:3
ЛАСК – Слован Братислава 4:0
Виљареал – ПСЖ 0:6. 

Поврзани вести