
Скопје на 7 ноември ќе биде домаќин на концертна вечер каква што не се случува често. Во Т арената „Борис Трајковски”, на иста сцена ќе застанат светската музичка ѕвезда Емели Санде, Дупер и Мијата.
Мијата е едно од оние имиња на македонската музичка сцена кои не се изградени преку минливи трендови и моментална популарност. Напротив, нејзината музичка приказна се темели на авторска оригиналност, препознатлив стил и доследност кон сопствениот уметнички израз.
Од светските хитови и извонредниот вокал на Емели Санде, преку модерниот поп-звук на Дупер, до авторската оригиналност на Мијата, публиката ќе добие концертно доживување кое излегува од рамките на вообичаените музички настани.
Концертот ќе се одржи на 7 ноември во Т арената „Борис Трајковски” во Скопје.

Македонски




