Skip to main content

Претставата „Татко“ на Нина Николиќ денеска и утре во „Лабораториум“

Вечерва и утревечер (на 4 и 5 ноември) во „Лаборраториум“ во Скопје ќе биде изведена театарската претстава „Татко“, во режија на Нина Николиќ.

Претставата е во продукција на „Перипетија продукција“, а е реализирана според истоимената драма на Август Стриндберг, во современа адаптација на драматургот Тамара Барачков.

Во центарот на „Татко“ е семејство во кое долгогодишната недоверба, манипулацијата и потребата за контрола постепено прераснуваат во деструктивен однос. Претставата го истражува моментот во кој брачниот конфликт ја преминува границата на насилството, но го поставува и прашањето за неговите последици врз децата, кои неретко остануваат најранливите жртви на нарушените семејни односи.

Во претставата играат Саша Ханџиќ, Амернис Нокшиќи, Тони Денковски, Бојан Кирковски и Ирена Димеска. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата на Ивана Каранфиловска Угуровска, а музиката на Оливер Јосифовски.

Поврзани вести