Skip to main content

„Жолта куќа“ и во Украина: Малтретирани и мачени луѓе кои не сакале да платат за да избегнат праќање на фронтот

Социјалните мрежи објавија видео дека во приватна куќа во Киев нелегално се држат околу четириесет мажи.Луѓето таму наводно биле мачени и тепани, а од нивните семејства се бараат пари во замена за нивно ослободување.

На заробениците наводно им биле скршени ребрата и им биле извадени очите. Неофицијално убиени се осум Украинци кои не сакале да бидат вратени во војната. Тие биле официјално регистрирани како исчезнати, а нивните тела закопани во шума во близина на Киев. На нивните семејства им се дадени лажни информации за нивното исчезнување на фронтот.

Реакции

Вајдел побара Зеленски во Берлин да се изјасни за наводите за незаконско задржување и малтретирање луѓе

Лидерката на германската партија Алтернатива за Германија (АфД), Алиса Вајдел, побара од германската влада за време на вчерашната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Берлин да го покрене прашањето за наводите за незаконско задржување и малтретирање луѓе во објект што се поврзува со Првиот корпус на Националната гарда на Украина „Азов“.

Поврзани вести