Skip to main content

Руска балистичка ракета ја погоди киевската железничка станица

Русија рано утрово почна масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и околниот регион.

„Киев пост“ наведува дека ова е шестиот ден по ред руски напади врз областа.

Регионот Киев вечерва беше под масовен напад од руски ракети и беспилотни летала – објави Тимур Ткаченко, началник на Градската воена администрација на Киев (КМВА), на Телеграм.

Воздухопловните сили предупредија дека заканата од „балистичко оружје и други средства за напад врз Киев и регионот останува“ и ги повикаа жителите да останат во засолништа.

Поврзани вести