
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека оваа година нема да има избори, нагласувајќи дека 2026 е година на реформи и консолидација, а редовните избори се очекуваат во 2028 година.
Мојот став е дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидација. Јас би сакал да имаме редовни избори, коишто ќе се случат наскоро, во пролетта 2028 година – изјави Мицкоски.
Тој додаде дека, иако ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвена за избори, приоритет во моментот е спроведување на реформи и зголемување на економската активност.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш е подготвено да оди на избори и да победи, но она коешто ние сега го правиме и коешто ни е нашиот фокус е да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност, со што ќе ја зголемиме и стандардот на граѓаните – рече премиерот.
На новинарско прашање за претходни изјави дека може да има избори, Мицкоски одговори дека изборите се редовен процес утврден со закон.
Наскоро, мора да има избори. Такви се законите. На 4 години секогаш ќе има избори – изјави тој.

Македонски




