
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во соработка со МАГО – Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, организира настан по повод одржување на обука за перименопауза наменета за здравствени работници.
Настанот ќе се одржи на 6 мај 2026 година (среда), во 13:30 часот, во сала Бисер во хотел Холидеј Ин во Скопје.
Обуката е дел од серија активности насочени кон унапредување на знаењата и практичните вештини на здравствените работници за препознавање и управување со перименопаузата, како важна, но сè уште недоволно препознаена фаза што значително влијае врз здравјето и квалитетот на живот на жените. На обуката ќе учествуваат: Оливера Стојковска, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Д-р Марта Тунџева, докторка по семејна медицина, Ас. Д-р Стефанија Митровска, ЈЗУ УК за психијатрија.

Македонски



