Skip to main content

Ново „добрососедство“ од Бугарија: Историјата на македонскиот народ произлегла од комунистичката власт во 1944 година!

Историјата на македонскиот народ е логички конструиран историски наратив, кој произлегува од политичките постулати на новата комунистичка власт од 1944 година, пред сè во Белград, а подоцна и во Скопје“, вели претседателот на Македонскиот научен институт Милен Михов.

Според него, денес во  Македонија станува збор за македонска редакција на југословенската историографија.

„Македонскиот научен институт е противник на пропагандата, каква и да е таа. Нашата дејност нема карактер на пропаганда и манипулација. Таа се темели на аргументи и историски и научни факти. Вистината треба да ѝ се спротивстави на пропагандата“, изјави Михов.

Поврзани вести